Хаман: Од 10 најлоши натпревари на турнирот Англија играше на 7

Макфакс/Кајгана
/ 15.07.2024 / 20:58

Англија на Европското првенство пристигна како фаворит број 1 за освојување на титулата, но дома се врати без трофеј. Во неделата Англија доживеа пораз во финалето од Шпанија (1:2). Пресуди голот на Микел Ојерзабал на 4 минути пред крајот.

Англија 58 години чека на голем трофеј, чека фудбалот „да се врати дома“, впечатокот е дека со игра каква што прикажа на ЕУРО 2024 ќе чека уште долго на голем трофеј.

Фудбалскиот свет е согласен дека со талентот и индивидуалниот квалитет што го поседува, Англија играше премногу резервирано, со многу играчи зад топката и со определба да не се прими гол.

„Играа ужасен фудбал. Од десетте најлоши натпревари на турнирот, Англија играше на седум од нив. Не знам зошто Хари Кејн не се движи. Беа во негатива во секој натпревар од нокаут фазата“, изјави Дитмар Хаман за RTE Sport.

Фудбалерот кој одигра 59 натпревари и постигна 5 гола за Германија, со која загуби од Бразил (0:2) во финалето на Светското првенство во 2002 година, дополнително ја објасни играта на Англичаните.

„Замислете овој тим да води во еден натпревар. Замислете да играте со Фил Фоден, а потоа да го ставите во игра Гордон. Англија има врвни играчи на клупата за да го подигне темпото. Но, тие немаа шанса да го покажат тоа бидејќи Саутгејт инсистираше да ги започнува натпрварите со Белингам и Кејн“, рече тој.

Во групната фаза Англија ја победи Србија (1:0) и ремизираше со Данска (1:1) и Словенија (0:0). Словачка во осминафиналето ја победи по продолженијата (2:1), Швајцарија во четвртфиналето по изведувањето пенали, додека во полуфиналето ја победи Холандија (2:1) со голот на Оли Воткинс постигнат во 90-тата минута.

Диди Хаман во својата кариера по заминувањето од Баерн долго играше на Островот за Њукасл Јунајтед, Ливерпул, Болтон Вондерерс, Манчестер Сити и Милтон Кинс Донс.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

Фудбал

Енцо Фернандес - единствениот што двапати ја надминал границата од 100 милиони!

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Најмоќното катарско семејство сака да влезе во Интер

Read more

Откриено како Инфантино скандалозно му помогна на Трамп за црвениот картон на САД

Read more

Спорт

СуперСоникс сепак не се враќаат? Уште еден град е во трка за франшиза во НБА

Читај повеќе

Енцо Фернандес - единствениот што двапати ја надминал границата од 100 милиони!

Читај повеќе

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Читај повеќе

Најмоќното катарско семејство сака да влезе во Интер

Читај повеќе

Откриено како Инфантино скандалозно му помогна на Трамп за црвениот картон на САД

Читај повеќе

Незапирливиот Кејн останува во Баерн до 2029 година

Читај повеќе

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Читај повеќе

Главни фаворити за титулата во НБА: Четири тима пред останатите

Читај повеќе

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе