Хамас за победата на Трамп: Ќе видиме дали ќе ја сопре војната како што вети

Макфакс
/ 06.11.2024 / 12:12

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој денеска прогласи победа на претседателските избори во САД, ќе биде тестиран на неговите изјави дека може да ја запре војната во Газа за неколку часа по преземањето на функцијата.

„Го покануваме Трамп да научи од грешките на претседателот Џозеф Бајден“, изјави Абу Зухри за Reuters.

Доналд Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД.

Тој му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака Израел да ја заврши војната во Појасот Газа додека тој се врати на функцијата доколку победи на изборите, објави Times of Israel минатиот месец, цитирајќи поранешен функционер од администрацијата на Трамп и израелски функционер.

Светските медиумим потсетуваат дека израелската армија пред неколку дена објави дека е убиен еден од последните високи функционери на Хамас, Иза ал-Дин Касаб, пренесува Танјуг.

Убиството на Иза ал-Дин Касаб го потврдија израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет, наведувајќи дека тој бил убиен во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, објави Times of Israel.

Касаб беше еден од последните преостанати членови на политичкото биро на Хамас, каде што беше шеф на националните односи.

Според ИДФ, тој бил одговорен за координација меѓу Хамас и другите терористички групи во Газа.

„Касаб беше значаен извор на моќ и, врз основа на неговата улога, беше одговорен за стратешките и воените односи на организацијата со другите фракции во Појасот Газа. Тој имаше овластување да го насочува извршувањето на терористичките напади против државата Израел“, се наведува во соопштението на ИДФ.

Според соопштението на ИДФ, во нападот бил убиен и помошникот на Касаб, Ајман Аџеш.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Свет

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Read more

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Read more

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Read more

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more
 

Вести

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Читај повеќе