Хамилтон: Формула 1 стана клуб на синови на милијардери

Ф1
А.С.
/ 21.05.2021 / 12:04

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон смета дека овој спорт стана „клуб на синови на милијардери“ и дека во иднина мора да биде подостапен за секого.

Хамилтон рече дека, поради фактот што Формула 1 станала „клуб на синови на милијардери“, тој дефинитивно ќе остане без шанса да си ја гради кариерата.

Неговиот почеток не беше лесен, татко му работел четири работи за да може да го финансира додека возеше картинг, а благодарение на големите напори го заработи договорот што го доби од Мекларен на само 13 години. Токму програмата на Мекларен го претвори во најподготвен дебитант во историјата на Формула 1.

„Живееме во време кога сето ова стана клуб на милијардери. Ако се вратиме таму каде што јас растев, во нормално семејство од работничка класа, нема да имам шанси да стигнам до овде. Никако. Сите момци со кои се ‘борите’ имаат многу повеќе пари. Во иднина, треба да го смениме тоа, за да ја направиме Формула 1 подостапна за оние со ‘понормално’ потекло“, рече Хамилтон.

Возачите Ленс Строл, Николас Латифи и Никита Мазепин се синови на милијардери, додека Макс Верстапен и Мик Шумахер се синови на поранешни шампиони во Формула 1.

Хамилтон и Мерцедес основаа фондација за да се обидат да привлечат повеќе луѓе од малцинските групи во светот на мотоспортот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ф1

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе