Хамилтон го откри својот автомобил од соништата, вреди 7 милиони евра

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 03.03.2025 / 20:10

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари.

40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои 6 светски шампионати по првата титула со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.

Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона.

Зборувајќи за Time, Хамилтон ја сподели својата љубов кон Ferrari 250 GT California Spyder, легендарниот кабриолет кој има култен статус. Замислувајќи го својот идеален живот по тркањето, Хамилтон рече: „Тоа е ултимативен автомобил за пензионирање“.

Рече дека се замислува себеси како вози по автопатот „Пасифик Коуст“ со неговиот булдог Роско: „Можам да се замислам себеси со Роско, него го замислувам со шал и очила како седи на предното седиште“.

 

Ferrari 250 GT California Spyder, произведен помеѓу 1957 и 1963 година, е еден од најпочитуваните модели на Ferrari. Дизајниран од Серџо Скалети, неговата комбинација на В12 мотор, неверојатни линии и тркачко педигре го направија симбол на автомобилскиот луксуз.

Во светот беа произведени само 106 примероци. На аукција во 2015 година, автомобилот што некогаш му припаѓал на Ален Делон бил продаден за 18,5 милиони долари, што денес, по прилагодувањето на инфлацијата, би изнесувало околу 24,8 милиони долари.

Во моментов Classic.com ја проценува просечната вредност на овој автомобил на околу 7 милиони долари.

реклама

Ф1

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Read more

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Read more

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Read more

Верстапен на пол позиција по 302 дена, Хамилтон втор во квалификациите

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе