Хамилтон: Имаме сè што ни потребно да ја освоиме титулата

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 20.02.2025 / 18:25

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, е уверен дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула.

„Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има сѐ што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи“, изјави Хамилтон за Sky 2.

Хамилтон, кој има вкупно 7 титули во Формула 1, од Мерцедес се пресели во Ферари, каде ќе вози заедно со Шарл Леклер.

„Никој не вели дека сме совршени. Мораме да се подобриме, но тимот не остава ништо на случајноста. Овој тим има неверојатна историја, има победнички менталитет во својата ДНК“, додаде тој.

Хамилтон возеше за Мерцедес во изминатите 12 сезони и освои 6 титули.

„Ферарито е различно. Штом ќе го облечете костумот, ќе влезете во гаражата, ќе ја ставите кацигата и ќе седнете на седиштето, чувствувате неверојатна страст. Сè е возбудливо. Како дете сонував да возам за Ферари и сè уште не можам да поверувам дека ова навистина се случува“, изјави Хамилтон.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Ф1

Норис очекува повеќе хаос на трките

Read more

Мерцедес го претстави болидот за новата сезона

Read more

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Read more

Верстапен избран за возач на годината во Формула 1

Read more
 

Спорт

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Читај повеќе

Франческо Тоти се враќа во Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Читај повеќе
  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе