Хамилтон му одговори на Ферстапен: Непријателства секогаш ќе има

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 22.07.2024 / 20:16

Луис Хамилтон, поранешен светски шампион, одговори на обвинувања кои дојдоа од актуениот шампион Макс Верстапен.

Холанѓанецот тврдеше дека Хамилтон е виновен за инцидентот на патеката „Хунгароринг“, кога двајцата возачи се судрија.

Сѐ се случи кога Верстапен сакаше да го заобиколи Хамилтон во борбата за третата позиција во финишот на трката. Верстапен на крајот заврши на петтото место, а Хамилтон остана трет зад победникот Оскар Пјастри и Ландо Норис.

„Тргнав да го поминам. Некаде на средината на таа зона на минување, кога веќе решив да поминам, тој одеднаш тргна надесно. Да не свртев малку, ќе имаше посилен контакт со него. Така, закочив природно, бидејќи тој продолжи да оди надесно“, рече Верстапен.

Од Хамилтон беше побарано да го коментира инцидентот и наводите изнесени од Верстапен.

„Поминувавме покрај група болиди кои ги минувавме за цел круг и влегов во добра зона, кога се појави Макс, па зазедов одбранбена позиција. Му оставив многу простор внатре, но Макс реши да заземе поинаква траекторија кон мене. Имав чувство дека тоа е стандарден тркачки инцидент, бидејќи во тие ситуации е лесно да се направи грешка, па чувствувам дека нема причина за некакво непријателство, иако од друга страна секогаш ќе има такви работи“, изјави Британецот.

Во генералниот поредок на шампионатот, Верстапен е прв со 265 бодови, Ландо Норис е втор со 189, додека Хамилтон е шести со 125.

реклама

Ф1

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Read more

Комплетна драма во Формула 1: Норис е новиот лидер по победата во Мексико

Read more

Верстапен ја напаѓа титулата: Да ми го кажеше ова некој пред два месеца, ќе мислев дека е идиот

Read more

Глоба и суспензии за Ред Бул по трката во Остин

Read more
 

Спорт

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси индиректно му одговори на Роналдо за врвот на кариерата

Читај повеќе

Селекторот Милевски го објави списокот на играчи за одлучувачкиот меч против Велс

Читај повеќе

Спектакуларен гол на Јамал во стилот на Меси

Читај повеќе

Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Хакими ќе отсуствува неколку недели

Читај повеќе

Милан и Интер го купија Меаца од градот Милано

Читај повеќе