ФОРМУЛА 1 2021

Хамилтон: Нема зошто да му се извинувам на Верстапен

Ф1
Ф.З.
/ 19.07.2021 / 09:28

Луис Хамилтон синоќа дојде до својата 99-та победа во кариерата, но на контроверзен начин.

Британскиот возач уште во првиот круг на трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун имаше судир со Макс Верстапен поради кој возачот на Ред Бул мораше да ја напушти трката.

Судирот го чинеше Хамилтон казна од 10 секунди, но сепак на крајот успеа да победи и по осми пат да слави во Силверстоун.

По трката истакна дека казната била неправедна и дека воопшто не смета дека треба да му се извини на Верстапен за судирот поради кој Холанѓанецот не ја продолжи трката.

„Сметам дека не треба да ми се извинувам на Верстаптен, за ништо. Ние само се тркавме. Не се согласувам ниту со казната која ја добив, но ја прифатив и продолжив да возам. Нема сега да се жалам за тоа. Секој има различно видување за ситуацијата и, искрено, не ми е гајле што велат останатите“, изјави Хамилтон.

Хамилтон се обидуваше да го претекне Верстапен и на една кривина малку го поткачи за десното задно тркало, доволно за Холанѓанецот да излета од патеката.

Remote video URL

Со оглед на тоа што во генералниот пласман лидер сезонава е токму Верстапен, судирот е додатно контроверзен кога ќе се земе предвид дека со вчерашната победа Хамилтон значително му се доближи на табелата и сега разликата изнесува 8 поени за Холанѓанецот.

На подиумот во Силверстоун освен Хамилтон се искачија и Шарл Леклер како втор и Валтери Ботас на третото место.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе