Хамилтон откри кој му бил најтежок противник во кариерата

Ф1
Ф.З.
/ 22.07.2022 / 13:24

Во пресрет на неговата 300-та Ф1 трка, која ќе ја вози во Франција, Луис Хамилтон се осврна на своите најголеми ривали, а како најтежок противник го издвои Фернандо Алонсо, кој му беше тимски колега во неговата прва Ф1 сезона во Мекларен во 2007 година.

Хамилтон го имаше своето деби за Мекларен во 2007 година, истата година кога во тимот пристигна актуелниот двоен светски шампион од 2005 и 2006 година, Алонсо, кој потпиша за Мекларен на крајот на 2005 година додека сè уште имаше важечки договор со Рено, пренесува.

Алонсо и Хамилтон имаа голема пресметка цела сезона, а дополнителна драма донесе шпионскиот скандал во кој Мекларен поседуваше доверливи технички документи за болидот на Ферари F2007.

И додека Алонсо и Хамилтон се бореа за превласт во Мекларен и си крадеа бодови, шампионската титула ја освои Кими Раиконен со Ферари, иако на две трки пред крајот заостануваше 17 бодови со максимални 20 што можеа да се освојат.

„Мислам дека е тешко да се каже кој бил најсилниот противник бидејќи секој пат кога се борите со некој друг сте и во различна фаза од животот“, изјави Хамилтон пред француското ГП.

„Се сеќавам кога бев со Фернандо кога имав 22 години. Психички бев многу млад, добар во однос на вештините, но да се соочам со гигант како Фернандо беше голем притисок“.

„Во однос на чистата брзина, би рекол дека Фернандо беше најтежок. Имавме добри борби. Би сакал да има повеќе. Се надевам дека ќе продолжи да се трка за да можеме да имаме повеќе во иднина“.

Тензијата меѓу Хамилтон и Алонсо го достигна пикот во Унгарија кога Хамилтон не го почитуваше редот на Алонсо да биде прв на патеката во третата квалификациска сесија, на што Алонсо возврати со задржување на Хамилтон за да го спречи Британецот да го направи последниот Q3 круг.

Набргу потоа, Алонсо, поради распадот на односите со тимскиот шеф Рон Денис, на ФИА ѝ ги издаде сите детали од скандалот со шпионажа во замена за имунитет, а Мекларен остана без сите конструктори.

Алонсо се врати во Рено во 2008 година, каде помина две сезони пред да се пресели во Ферари во 2010 година, каде што помина пет сезони, трипати завршувајќи на второто место зад Фетел, проследено со враќање во Мекларен (2015-2018), две години одмор од Ф1 пред да се врати во Алпин во 2021 година.

„Тој имаше талент во 2007 година, а го има и сега со сето тоа искуство“, рече Алонсо за Хамилтон.

„Тој е исклучителен возач, легенда на нашиот спорт, па секогаш ми беше задоволство да го споделам сето ова време со него“.

„Тогаш (во 2007 година, заб. на прев.) веројатно никој не мислеше дека некој ќе може да освои седум титули како Михаел (Шумахер). Патувањето беше неверојатно.”

„Тимот што го изградија во Мерцедес во текот на сите тие години е неверојатен. Честитки за вашата 300-та трка“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе