Луис Хамилтон беше убедливо најдобар на денешната трка во Унгарија каде ја имаше пол-позицијата, го извозе најбрзиот круг и целната линија ја мина прв.
Втор триумф по ред за Британецот, откако минатата недела победи и на втората австриска трка. Хамилтон заврши пев со 8,7 секунди предност пред Макс Верстапен. Трет на подиумот се искачи клупскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас кој до крај го имаше нјабрзиот круг пред Хамилтон да му го престигне.
Со триумфот на „Хунгароринг“ Хамилтон го израмни рекордот на Михаел Шумахер за најмногу победи на една иста патека. Шумахер има 8 на Француското ГП, а сега Хамилтон има исто толку во Унгарија.
Во генералниот пласман сега лидерската позиција ја презема токму Хамилтон:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес) - 62
2. Валтери Ботас (Мерцедес) - 58
3. Макс Верстапен (Ред Бул) - 33
4. Ландо Норис (Мекларен) - 26
5. Александер Албон (Ред Бул) - 22
6. Серхио Перес (Рејсинг Поинт) - 22
7. Шарл Леклер (Ферари) - 18
8. Ленс Строл (Рејсинг Поинт) - 18
9. Карлос Саинс (Мекларен) - 14
10. Себастијан Фетел (Ферари) - 9
Наредната трка е за две недели во Силверстоун каде ќе се вози Големата награда на Велика Британија.