Хамилтон за Шумахер откако се изјасни дека е геј: Испрати позитивна порака

Ф1
А.С.
/ 19.07.2024 / 10:40

Ралф Шумахер, славниот возач чија кариера во автомобилските трки траеше од 1997 до 2007 година, минатата недела објави фотографија со својот партнер и на тој начин јавно обзнани дека е геј.

Тоа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Мнозинството го поддржува Германецот и неговата одлука да се аутира, вклучувајќи го и неговиот син Давид (22) од бракот со телевизиската водителка Кора Бринкман.

Меѓу нив е и Луис Хамилтон (39), седумкратниот шампион во Формула 1, кој изјави дека Шумахер испратил „позитивна порака“.

„Очигледно не му беше удобно да го каже тоа во минатото, но се чини дека сме во време кога тоа конечно може да се направи без страв“, рече Хамилтон на прес-конференцијата пред трката за ГН на Унгарија овој викенд.

„Мислам дека досега добива само позитивни реакции од луѓето и мислам дека тоа е поради времето во кое живееме и промените низ кои поминуваме“, рече Хамилтон, кој одлучи да носи знаме со виножито на кацигата на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во 2021 година како знак на поддршка на ЛГБТИ заедницата, која нема речиси никакви права во тој дел од светот.

Ралф Шумахер тогаш за Sport1 изјави: „Неговите вредности се важни и тој може да ги претставува на социјалните мрежи. Вистинското прашање е зошто тој секогаш го прави тоа на патеката, во униформа на Мерцедес. Тоа може да биде многу поларизирачко прашање. Ако возачите влегуваат без да размислуваат такви работи, тоа е опасно и спортот не го заслужува тоа“.

Дел од луѓето поради тоа сега го нарекоа Шумахер лицемер, а Хамилтон тоа го искоментира вака: „Иако Ралф тогаш рече дека можеби не е добра идеја да се прават такви работи, денес можеби се премислил. Го презеде тој чекор и испрати позитивна порака и ги ослободи другите да го сторат истото.“

Запрашан дали Ф1 сега е спорт во кој луѓето можат да бидат самите себе, Хамилтон одговори: „Мислам дека спортот има уште долг пат пред себе. Едно е да се каже дека е инклузивен, а друго е всушност да се осигураме дека луѓето навистина се чувствуваат удобно во своето опкружување во кое доминираат мажи и, колку што знам, тој е еден од првите што јавно проговори за тоа.

Ние сме инклузивни во нашиот тим, но мислам дека спортот треба да продолжи да прави повеќе за да направи луѓето да се чувствуваат поудобно, да ги натера жените да се чувствуваат добредојдени во овој простор, бидејќи знам дека тие не биле секогаш добро третирани овде. Не можам да дојдам до решение напамет бидејќи го немам, но знам дека најчесто се работи за разговор со клучни луѓе“.

„Би можеле да направиме прашалник со секој човек овде и анонимно да ги прашаме како се чувствуваат и што мислат дека може да се направи. Може многу да се направи, но прво треба да разговараме за тоа наместо да игнорираме дека тоа е проблем или да го ставиме на дното на листата на приоритети“, додаде Хамилтон.

Шумахер доби поддршка и од Ландо Норис од Мекларен.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Ф1

Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Верстапен

Read more

На Алонсо му падна воланот сред возење

Read more

Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Read more

Верстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Read more
 

Спорт

L’Equipe: Реал се однесува како разгалено дете

Читај повеќе

Пеп му честиташе на Ливерпул: Ни бегаат милијарда бодови, фантастичен тим се

Читај повеќе

Лазаров горд на играчите

Читај повеќе

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе