Хаос во Европа поради короната: Атлетико домаќин во Полска, Бенфика во Италија

Нокаут-фазата во Лигата на шампиони почнува следната недела, но сѐ поверојатно е дека регуларноста на натпреварувањето ќе биде доведена во прашање.

Имено, поради пандемијата на коронавирус, локациите на неколку натпревари се променети и овие натпревари ќе се играат на неутрален терен.

Првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ меѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се одигра во Будимпешта, откако германските власти не дозволија англискиот клуб да влезе во земјата поради COVID-19 протоколот, соопшти завчера УЕФА.

Лајпциг требаше да биде домаќин на првиот натпревар на 16 февруари „Ред Бул“ стадионот, но Германија забрани секаков влез во земјата од земјите каде се регистрирани нови варијанти на COVID-19 најмалку до 19 февруари, со исклучок на германските граѓани и оние кои живеат во Германија.

„УЕФА може да потврди дека првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони помеѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се одигра на 'Пушкаш' стадионот во Будимпешта“, се вели во соопштението на УЕФА.

Борусија Менхенгладбах разгледува и алтернативни опции за првиот натпревар против Манчестер Сити, кој е закажан за 24 февруари, доколку биде продолжена забраната за влез на страници во Германија.

Но, тоа не е крајот на проблемите. Италијанскиот новинар Танкреди Палмери вчера објави дека се сменети уште три домашни натпревари. Се работи за еден натпревар во Лигата на шампиони и два во Лига Европа.

Атлетико и Челси ќе го одиграат првиот натпревар од ЛШ во Варшава, Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед ќе ја отворат нокаут-фазата во Лига Европа во Торино, додека Бенфика и Арсенал својот натпревар ќе го играат во Рим.

URL
URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе