Ноќеска НБА беше сведок на невиден хаос и тепачка меѓу кошаркарите на Минесота Тимбервулвс и Детроит Пистонс, по што беа суспендирани пет играчи и двајца тренери.
Сѐ започна кога Рон Холанд од Детроит го фаулираше Наз Рид, па започна нивна вербална расправија, по што интервенираше Донте ДиВинченцо од Минесота, а потоа и сите останати.
Тепачката изби на 8:36 до крајот на полувремето, додека Пистонс водеа 39:30. Стјуарт доби техничка грешка неколку моменти претходно откако силно го удри ДиВинченцо по свирежот на судијата.
Дојде до тепачка, по што играчите завршија на трибините, а се вмешаа и двете клупи.
Судиите потоа ја смирија ситуацијата и исклучија од игра пет кошаркари и двајца тренери.
Isaiah Stewart after the scuffle in Minnesota, with 7 ejections, pointing at his jersey "Detroit"...
— Chad Smeaton (@smeaton_chad) March 31, 2025
Bad Boys 2.0 ☠️ Lfg! pic.twitter.com/u0WiI3A96l
Кај Минесота ги суспендираа бекот ДиВинченцо, крилото Рид и помошниот тренер Пабло Приџони, додека нивните противници останаа без крилото Холанд, центарот Ајзеа Стјуарт и бекот Маркус Сасер, а суспендиран беше и главниот тренер ЏејБи Бикерстаф.
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 30, 2025
Натпреварот имаше дури 12 технички грешки, најмногу во еден натпревар во НБА од 23 март 2005 година, според податоците на OPTA.
Инаку, Тимбервулфс победија со 123:104, а до победата ја предводеа Џулиус Рендл со 26 поени, 8 скокови и 5 асистенции и Ентони Едвардс со 25 поени, 6 скокови и 4 асистенции.
Најефикасен на мечот беше Малик Бизли од Детроит со 27 поени, но запиша само 2 скока и ниту една асистенција. Тим Хардавеј додаде 20 поени.