Лавата од вулканот кој се активира на шпанските Канарски Острови брзо се движи кон морето и сега се наоѓа на околу 800 метри од брегот, пренесе AP.
Додека една од двете реки лава е побавна на островот Ла Палма, другата е пофлуидна и кон гратче од кое се евакуирани сите жители, соопштено е од службите за итна евакуација на Канарските Острови.
Властите очекуваа дека лавата ќе пристигне до Атлантскиот Океан, но по вчерашното смирување на вулканската активност преку ноќ дојде повторно до поинтензивна вулканска активност.
Кога лавата ќе дојде во контакт со морската вода можно е експлозивна реакција и ослободување на отровни гасови.
Островот Ла Палма има околу 85.000 жители, а вулканската лава истекува од 19 септември кога проработи вулканот и уништи 589 згради и 21 километар патишта.
Благодарение на брзата евакуација не се регистрирани смртни случаи ниту сериозни повреди.