Харис вети дека ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп дека ќе ја зајакне безбедноста на тој регион

Макфакс
/ 05.11.2024 / 10:30

Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка, Камала Харис, изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион.

Претставници на изборните штабови Харис и Трамп во писмена реакција до македонскиот сервис на Гласот на Америка ги образложија позициите на претседателските кандидати во пресрет на изборите во САД, кои се одржуваат денеска.

„Харис постојано се залагаше за промоција на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Борбата против корупцијата е суштински интерес на американската национална безбедност, што е една од причините зошто Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирациите на земјите од Западен Балкан. НАТО и ЕУ почиваат на заедничките демократски вредности, вклучително и силни, независни и одговорни институции“, изјави портпаролката на изборниот штаб на Камала Харис во кус одговор на прашањето за идната политика на демократите кон Западен Балкан.

„Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција“, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.

реклама

Свет

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Read more

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Read more

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Read more

Трамп го избра крипто царот

Read more
 

Вести

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Читај повеќе

Полициско возило излета од патот Охрид-Кичево: Повредените полицајци пренесени во болница

Читај повеќе

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Читај повеќе

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Читај повеќе

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Читај повеќе

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Читај повеќе

Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Читај повеќе

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Читај повеќе