Харизматичен и побожен: Талибански лидер се најде на листата 100 највлијателни луѓе нa Time

Угледниот американски магазин Time секоја година објавува листа на највлијателни луѓе, како и личност на годината.

Овојпат, еден од основачите на талибанското движење, Абдул Гани Барадар, беше меѓу 100-те највлијателни луѓе.

Како и претходните години, магазинот Time  ги подели највлијателните луѓе во неколку категории, а меѓу другото, беше направена и листа на највлијателните лидери кои ја одбележаа оваа година.

На оваа листа, како што и се очекуваше, се најдоа лидери како американскиот и кинескиот претседател, Џо Бајден и Си Ѓинпинг, новиот израелски премиер Нафтали Бенет, како и иранскиот лидер Ебрахим Раиси.

Интересно, на листата има и име што предизвика многу контроверзии во последниот период. Имено, Time го вклучи еден од основачите на талибанското движење, Абдул Гани Барадар, на листата на највлијателни лидери. Магазинот Time го оцени Барадар како „харизматичен лидер“ и „длабоко побожна личност“.

„Кога талибанците прогласија победа во Авганистан во август, тоа беше под услови за кои преговараше Барадар. За него се вели дека ги носи сите важни одлуки, вклучително и оние за амнестија за припадниците на поранешниот режим. Тој исто така е заслужен за спречување на крвопролевање кога талибанците влегоа во Кабул, како и за одржување врски со Кина и Пакистан“, пишува Time.

Списанието нагласува и дека Барадар е иднината на Авганистан.

„Тој беше назначен за вицепремиер во привремената влада, а главната улога му беше доделена на друг лидер, многу поприфатлив од тврдоглавата генерација на талибански команданти. Барадар е тивок и таинствен човек кој претставува умерена струја што треба да добие поддршка од Западот“, се вели во образложението.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе