летни олимписки игри париз 2024

Хелиф освои олимписко злато: Овој медал има посебен шарм затоа што ме мразат, а не знам ни зошто

Алжирската боксерка Иман Хелиф, која е една од главните теми на актуелните Олимписки игри во Париз, синоќа го освои златниот медал победувајќи ја Кинезинката Љу Јанг, а по борбата испрати силна порака до светот.

Многумина ја обвинија Хелиф дека е маж, иако биолошки е жена, но според првиот човек на Меѓународната боксерска федерација (IBA), таа има вишок тестостерон и машки XY хромозоми.

IBA ja суспендираше, но Меѓународниот олимписки комитет донесе поинаква одлука и ѝ дозволи на Хелиф да се натпреварува во Париз.

По синоќешната победа над Љу Јанг со одлука на судиите со 5-0, Хелиф на прес-конференцијата изјави дека медалот има посебно значење за неа токму поради сите обвинувања со кои се соочи во изминатите неколку дена.

<

„Овој медал има посебен шарм поради сите напади со кои се соочив. IBA ме мрази, иако добро ме познаваат. Тие знаат како се подобрував со текот на годините, но не знам ни зошто ме мразат“, рече 25-годишната Хелиф, додавајќи:

„Мојата порака до целиот свет е дека треба да се посветите на олимписките принципи и да избегнувате малтретирање и пораки со омраза. Сите ние сме на ова натпреварување за да настапиме како спортисти и најискрено се надевам дека нема да видиме слични напади во иднина“, изјави новата олимписка шампионка во категоријата до 66 килограми.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Останати спортови

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Read more

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Read more

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Read more

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Навивач од публика на Ол-стар освои 100.000 долари со кош од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира

Читај повеќе

Леброн Џејмс: Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера

Читај повеќе

Меси одби да игра во Лигата на шампионите поради -15°C

Читај повеќе

Синот на Буфон доби репрезентативен повик, но не од Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Читај повеќе

Сан Сиро во исчекување: Милан мора да го сврти резултатот против Фејнорд

Читај повеќе
  • play_arrow

Критиките ја тераат НБА на промени: Баскет 1-на-1 од наредниот Ол-стар

Читај повеќе

Винисиус одлучи да инвестира од милионите, станува косопственик на клуб

Читај повеќе