Honda HR-V e:HEV пристигнува во продажните салони на Стариот континент до крајот на годината.
Honda го претстави новиот HR-V за европскиот пазар претходно оваа година.
Автомобилот го има додатокот е:HEV во називот, како и другите хибриди(CR-V и Jazz), а во срцето на хибридниот погон е 1,5-литарски DOHC i-VTEC бензинец на кој му помага електричниот мотор.
Вкупната сила на погонскиот систем изнесува 131 КС, а максималниот вртежен момент 253 Nm.
Тоа е доволно Honda HR-V e:HEV од 0 до 100 км/ч да забрзува за 10,6 секунди, велат од јапонската компанија.