Хил: Приштина мора да ја формира Заедницата на српски општини

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека според него „еден од најважните елементи на сето ова е фактот што Приштина треба да ја формира Заедницата на српски општини“, пренесе Бета.

– Секако дека има и други работи што Приштина треба да ги направи, но мислам дека сето тоа води кон подобра ситуација со Европската Инија и всушност ова може да се гледа како договор меѓу Приштина и Брисел, рече Хил и додаде дека „истото може да се каже и за српската страна“.

Амбасадорот додаде дека верува оти претставниците на Брисел имаат „голема заслуга“ за овој договор.

– Господин Лајчак, особено господин Борељ, кој „потроши“ 12 долги часови додека имаше многу други важни работи во врска со Украина, се занимаваше со проблемите на Србија и Косово, рече Хил во изјавата за новинарите по средбата со градоначалникот на Прешево, Шќиприм Арифи.

Хил, исто така, кажа дека е јасно „дека САД апсолутно 100% го поддржуваат она што ЕУ сака да го направи“, пренесе Бета.

Тој нагласи дека САД, иако не се страна во дијалогот, се сметаат себеси за дел од тој процес и ќе продолжат да се ангажираат во него.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе