Бројот на продадени примероци на еден евтин кинески електричен автомобил со цена од 4.500 долари го надмина бројот на продадени Tesla автомобили во Кина.
Овој компактен автомобил се покажа како вистински хит, и на кинескиот произведувач на автомобили SAIC Motor му донесе голем приход.
Најпопуларниот модел се продава за 4.500 долари, а со доплата од 500 долари може да се добие модел кој има вграден систем за климатизација.
Автомобилот може да го паркирате каде сакате и е практичен за големите, пренаселени кинески градови.