Екстремниот студ ги зафати фудбалските терени ширум САД, каде сезоната почна во изминатите два дена, а играчите имаат сериозни проблеми да се навикнат да играат во такви околности.

Ноќеска имавме можност да гледаме натпревар од Купот на шампионите на КОНКАКАФ во кој Лионел Меси го реши победникот, иако се зборуваше дека нема да игра, токму поради студот. Станува збор за дуелот помеѓу Спортинг Канзас Сити и Интер Мајами кој заврши со минимална победа на гостите од 1:0.
Меси одлично се снајде во екстремните услови. Како што пресметаа американските медиуми, ова е еден од најстудените натпревари во историјата, бидејќи се играше на -17°C.
Иако беше многу студено, Меси со мајсторски гол ги загреа сите на стадионот. Ја прими топката на гради, изведе одличен дриблинг, а потоа со „послабата“ нога ја погоди противничката мрежа.
Друго познато име во европскиот фудбал, Оливје Жиру, имаше слични маки. Французинот, за разлика од Меси, на сопственото тело осети колку е студено.
Имено, на Жиру му замрзна брадата за време на натпреварот помеѓу Колорадо Рапидс и Лос Анџелес, за кој настапува.
Сцените од натпреварот станаа вирални и се нешто на што Жиру не е навикнат во Европа, но ќе мора бидејќи неодамна пристигна во САД. Натпреварот се играше на -14°C.
Así de CONGELADA quedó la barba de Olivier Giroud en el partido que jugaron Colorado Rapids y Los Angeles FC con 15 GRADOS BAJO CERO. pic.twitter.com/loFqCZMRJU
— Pablo Giralt (@giraltpablo) February 19, 2025
Жиру играше до 66. минута од средбата која заврши со победа на домашниот Колорадо од 2:1. Не е ни чудо, бидејќи тие се навикнати да играат во вакви услови, за разлика од гостите од Лос Анџелес.