„Хитлер бил Евреин“ и други бизарни теории за нацистичкиот лидер

Адолф Хитлер е секако една од најомразените личности во историјата и човек чии визии за светот денес се прогласени од сурови до потполно луди.

Сепак, неговите идеи не се единствените неверојатни приказни поврзани со нацистичкиот водач. Некои теории за Хитлер се речиси подеднакво бизарни.

Ви претставуваме четири сосема луди теории во врска со Адолф Хитлер, кои некогаш ги разгледувале (или сѐ уште ги разгледуваат) сериозни експерти и историчари, само што не успеале да дојдат до конкретни докази.

Хитлер бил Евреин

Има значителна група историчари кои го застапуваат ставот дека Хитлер, човекот одговорен за холокаустот, всушност бил Евреин.

Името на дедото на Хитлер од страна на таткото никогаш не било со сигурност утврдено, но се знае дека баба му работела како слугинка во домот на еден богат Евреин.

Идејата дека таткото на Хитлер е всушност вонбрачното дете на тој Евреин, ја разгоре фантазијата на многу теоретичари на заговор, но и на некои сериозни историчари.

Во 2010 година беше направена ДНК анализа врз основа на примероци собрани од 39 познати роднини и потомци, но резултатите беа нецелосни, така што теоријата е всушност сè уште релевантна.

Хитлер сакал да стане бесмртен

Нацистите биле опседнати со докажување на нивното потекло кое, според нивното мислење, било подревно и „почисто“ од било чие друго.

Затоа Хитлер, во 1933 година, тргнал во потрага по најтајните предмети на светот за да го поткрепи ова тврдење - копјето на судбината, Екскалибур и, се разбира, Светиот грал.

Платениците на Хитлер го преплавиле светот во потрага по овие предмети. Според легендата, оној кој ќе се напие од Светиот грал го добива дарот на вечниот живот. Теоријата вели дека нацистичкиот водач всушност сакал да стане бесмртен.

Хитлер всушност бил многу „фин човек“

Има многу теории кои тврдат дека Хитлер всушност бил многу „добар и фин човек“ и дека сликата за чудовиштето што ја имаме на ум денес кога се споменува неговото име е всушност резултат на претерана слика создадена за него од медиумите.

Многу навики на Хитлер, тврдат овие теории, како што се неговите уметнички склоности, љубовта кон животните и фактот дека бил вегетаријанец, зборуваат во корист на неговата пацифистичка личност, пишуваат медиумите.

Хитлер имал вселенски брод, а нацистите имале база на Месечината

Теоријата во основа е многу едноставна - долго пред која било друга земја во светот, нацистичка Германија имала многу развиена вселенска програма, ракети и план за испраќање луѓе на Месечината.

Имаше дури и очевидци кои тврдеа дека ги виделе овие ракети, а некои отидоа дотаму што тврдеа дека го виделе самиот Хитлер во вселенски брод.

Природно продолжување на оваа теорија беше верзијата дека нацистите имале база на темната страна на Месечината во која се засолниле по падот во 1945 година.

Оваа теорија ја искористи филмот „Steel Sky“ од 2012 година.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе