Филмот „Don’t Look Up“, ги урна рекордите на гледаност во период од една недела во историјата на Netflix, а се наоѓа на третото место на најгледани филмови на оваа платформа.
Популарната платформа претходно објави дека филмот со Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс во главните улоги е нивниот трет најгледан филм на сите времиња.
Пред него се филмовите „Bird Box“ и „Red Notice“.
Филмот го привлече вниманието на гледачите уште од моментот на објавување. Некои тврдат дека станува збор за ремек дело, додека други велат дека филмот е просечен.