Хок: Присуството на Ѓоковиќ во Австралија ќе ги зголеми антиваксерските чувства во земјата

Верувам дека продолженото присуство на Новак Ѓоковиќ во Австралија може да доведе до зголемување на антиваксерските чувства во австралиското општество, што може да доведе до јавно незадоволство, како што беше забележано во протестите кои самите се извор за ширење на вирусот“, се наведува во ставот на австралсикиот министер за имиграција, Алекс Хок, кој вчера одлучи по вторпат да му ја укине визата на српскиот тенисер.

Хок детално ја објасни мотивацијата за ваквата одлука.

„Господин Ѓоковиќ е личност со статус и влијание. Со оглед на неговото однесување по позитивниот тест за COVID-19 и неговите јавни изјави, како и неговиот невакциниран статус, верувам дека неговото натамошно присуство во Австралија може да ги охрабри другите луѓе да ги игнорираат насоките и политиките за јавно здравје на земјата“, рече Хоук во изјавата.

Министерот додаде дека е можно одземањето на визата на Ѓоковиќ да влијае врз идната желба на Србинот да влезе во земјата за да учествува на турнири.

Според законот, на Ѓоковиќ може да му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Од своја страна, адвокатскиот тим на Ѓоковиќ возврати дека Хок применил „нелогичен, ирационален и неоправдан“ пристап кон интересот на јавното здравје.

„Министерот не обезбеди докази за да го поддржи неговото тврдење дека присуството на Ѓоковиќ во Австралија би можело да ги засили антиваксерските чувства“, наведуваат  адвокатите на првиот тенисер во светот.

реклама

Маск му понуди 5.000 долари на тинејџер: Престани да ми го следиш авионот

Read more

Шах-мат од НАТО: Војна нема да има

Read more

Сателитски снимки открија што прави Русија на границата

Read more

Што е SWIFT и зошто може да биде оружјето од кое Русија најмногу се плаши?

Read more

Свет

Поради високите сметки, Австрија на сите им дава по 150 евра, а на најзагрозените 300

Read more

Шах-мат од НАТО: Војна нема да има

Read more

Се урна мост во Питсбург, автобус остана да виси

Read more

Пандемијата ги смени навиките на користење дрога – повеќе се пуши марихуана

Read more
 

Вести

Поради високите сметки, Австрија на сите им дава по 150 евра, а на најзагрозените 300

Читај повеќе

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Читај повеќе

Нови 1.908 случаи со ковид, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти

Читај повеќе

Може ли Европа без рускиот гас? Ова се можните сценарија

Читај повеќе

Шах-мат од НАТО: Војна нема да има

Читај повеќе

Се урна мост во Питсбург, автобус остана да виси

Читај повеќе

Одложено судењето за „Плацови на Водно“

Читај повеќе

ССМ го формираше главниот штрајкувачки одбор

Читај повеќе

Пандемијата ги смени навиките на користење дрога – повеќе се пуши марихуана

Читај повеќе