НХЛ 2021/22

Хокеар лажирал вакцинација: Доби тешка суспензија и загуби 1,68 милиони долари

Националната хокеј лига (НХЛ) строго го казни играчот на Сан Хозе Шаркс, Евандер Кејн, откако беше фатен со фалсификуван сертификат за вакцинација против COVID-19.

НХЛ му изрече суспензија од дури 21 натпревар на популарниот хокеар, време за кое нема да прима плата од својот клуб.

Според американските медиуми, Кејн ја фалсификувал потврдата за вакцинација. Веста ја потврди и неговиот клуб, а овој непромислен потег на крилниот напаѓач ќе го чини и 1,68 милиони долари, кои ќе му бидат одземени од 7-милионската плата.

URL

„Иако сме задоволни од посветеноста на Кејн, разочарани сме од непочитувањето на безбедносните протоколи утврдени од НХЛ и НХЛПА“, се вели во соопштението на Сан Хозе Шаркс.

URL

Се огласи и самиот хокеар кој им вети на навивачите дека во иднина ќе носи подобри одлуки.

„Сакам да им се извинам на моите соиграчи, клубот Сан Хозе и сите навивачи откако го прекршив ковид-протоколот. Направив грешка и се каам, подготвен сум да ја преземам одговорноста за тоа“, рече Кејн.

Левото крило на „Ајкулите“ вети дека за време на забраната за играње на мразот, ќе работи на себе со цел да носи правилни одлуки во иднина.

Кејн, родум од Ванкувер, е поранешен репрезентативец на Канада, а досега во најквалитетната хокеј лига на светот освен за Сан Хозе настапуваше и за Бафало Сејбрс, Винипег Џетс и Атланта Трешерс, како и за Динамо од Минс во руската КХЛ и за Ванкувер Џајантс во ВХЛ.

Ноќеска неговиот тим победи со 5:0 на гостувањето кај Монтреал Канејдиенс, а Кејн не беше во составот како во првиот натпревар од новата сезона кој неговиот тим исто така гп доби, но дома со 4:3 над Џинипег.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе