Холанд цензуриран поради вулгаризми: Не ми оди јазикот

Ерлинг Холанд ги постигна двата гола на Манчестер Сити во победата над Вест Хем (2:0) на отворањето на англискиот шампионат и со тоа на најдобар начин се претстави во новата лига, во која пристигна како голема ѕвезда од Борусија Дортмунд.

Зборувајќи со новинарот на Sky Џеф Шривс по натпреварот, тој двапати употреби вулгарен збор.

„Добар почеток, нема што друго да се каже. Добро беше да се настапи, да се добие минутажа бидејќи сè уште е рана фаза од сезоната. Мора да продолжиме, го видовме потенцијалот против Баерн, против Ливерпул бев малку паднат, но ќе биде добро“, изјави Холанд.

Тренерот Пеп Гвардиола го извади од игра во 78. минута. Тој беше запрашан дали се кае што не постигна хет-трик.

Поради неговиот одговор, Sky мораше да ја цензурира изјавата.

„Видовте што направи Илкај Ѓундоан откако излегов, требаше да бидам таму. Сра*е, но така е“, рече тој, што го поттикна Шривс да го замоли да внимава на речникот.

„Сра*е, извини. Не ми оди добро јазикот во оваа земја“, рече потоа Холанд и се насмеа со новинарот.

Првиот гол, норвешкиот напаѓач го постигна во 36. минута од пенал, кој сам го доби, додека вториот падна во 65. кога Кевин де Брујне му даде длабока топка, а тој се намести на левата нога и погоди.

URL
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе