Холанд и Меси заедно во Барса?

Се чинеше дека ова ќе биде тешка сезона за Барселона, но Чави успеа од нив да го направи најамбициозниот проект во Европа.

Барселона летово мораше да го притисне копчето „рестарт“ за да преживее, а по првичната агонија поради заминувањето на Лео Меси, навивачите повторно се смеат. Посебно по перфектната игра на нивниот тим на Ел Класико, која вели дека на тимот на Чави му претстои светла иднина.

Зимава имаше засилувања и сега е време клубот дополнително да се засили на лето, па по потписот на Франк Кесие пристигнува нова бомба - Барселона сака да го врати Лео Меси и покрај него да го ангажира и Ерлинг Холанд!

Така Енрико Масип, советник на претседателот на клубот Жоан Лапорта, ја „запали“ јавноста во Шпанија со порака дека и двајцата се мета на Барселона и дека можно е на „Камп Ноу“ да го видиме најмоќниот напад на денешницата.

„Холанд и Меси во Барселона? Немојте да се чудите ако тоа се случи летово“, изјави Масип за Marca.

Меси наводно му рекол на Пари Сен-Жермен дека сака да замине на лето, бидејќи не е среќен во новиот клуб, но неговата огромна плата, дури и обештетувањето, може да биде непремостлива пречка. Особено во случајот со Барселона, која се бори со финансискиот фер-плеј.

Што се однесува до Холанд, за него ќе биде голема битка, бидејќи покрај Барселона демнат Реал Мадрид и Манчестер Сити, а на крајот парите би можело да бидат пресудни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе