Гвардиола го брани

Холанд ја презеде вината за кризата во Сити

Манчестер Сити успеа да победи само еднаш во последните 12 одиграни натпревари. Во таа серија има дури девет порази и тимот е во резултатска криза во која ја нема од преземањето на Пеп Гвардиола во 2016 година. Дел од вината презеде и Ерлинг Холанд.

Норвешкиот напаѓач минатата сезона во англиското првенство постигна 27 гола на 31 натпревар, а претходната година дури 36 на 35 натпревари во Премиер лигата. Почна добро и оваа сезона, но на последните шест натпревари постигна само еднаш, а на последните 12 првенствени само три пати.

Тој истакна дека „не е доволно добар“ и дека тоа е и причината поради која Сити моментално е само седмиот тим во англискиот шампионат, со 12 бода помалку од водечкиот Ливерпул, кој одиграл натпревар повеќе од нив. Има се помалку луѓе кои мислат дека Сити ќе ја брани титулата и се повеќе луѓе кои го обвинуваат норвешкиот напаѓач за пад на формата. Гвардиола не е меѓу нив.

„Се работи за нас, не само за еден играч. Кога претходно постигнувавме многу голови, Ерлинг профитираше поради работата на тимот. Сите ги чувствуваат проблемите во последниот ред и во редот за врска. Тимот. Би било лесно да се каже дека поединец е виновен за нашата криза, но тоа не е точно, Ерлинг беше важен за нас, тој е важен сега и ќе биде во иднина“, изјави Гвардиола.

Оваа сезона Холанд има 13 гола од 17 првенствени натпревари и вкупно 18 од 24 натпревари во сите натпреварувања. На последните три натпревари во кои играше остана без гол, асистенција, создадена можност, дриблинг и шут. Сити ги играше против Јувентус, Манчестер Јунајтед и Астон Вила.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Фудбал

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Read more

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Read more

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Read more

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Read more
 

Спорт

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Читај повеќе

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Читај повеќе

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе