Холанд откри: Реал ми беше дури на трето место

Норвешкиот голгетер во документарниот филм „Haaland: The Big Decision“ откри интересни детали поврзани со преминувањето во Манчестер Сити.

Норвешкиот голгетер откри дека англискиот првак година и пол плетел мрежа, а сѐ започнало со двобојот против Борусија Дортмунд во четвртфиналето од Лигата на шампиони, клуб за кој Ерлинг Браут Холанд тогаш настапуваше.

„По тој натпревар мислам дека 15 луѓе дојдоа за да ми кажат да отидам кај нив. Стоунс, Рубен Диаш, Ѓундоан, Фоден, Де Брујне... Никогаш не сум носел одлука за нареден клуб поради тренерот кој го води, но голем плус е тоа што Пеп Гуардиола е во Сити, тој е најдобриот тренер во светот. Сити моментално е најдобриот спортски проект во светот и тоа е место каде ќе можам да бидам најдобар“, рече Холанд.

Тогаш се нагаѓаше кој го посакува, а во документарецот сам открива каква била интерната листа на заинтересирани клубови која ја составувале тој и неговиот татко, инаку поранешен играч од Премиер лигата кој настапуваше за Нотингем Форест, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити.

„Мислам дека Манчестер Сити беше најдобрата екипа на нашата листа. Баерн беше на второ место. На третото беше Реал, а потоа Пари Сен-Жермен. Се разбира, покрај Сити, на листата имаше уште неколку англиски тимови кои се доста добри - Ливерпул и Челси. Беше таму и Барселона, сите отприлика беа во ист ред“, откри Норвежанецот.

Дека ја донел вистинската одлука покажува и почетокот на сезоната каде во првите 10 натпревари во сите натпреварувања постигна 14 гола.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе