КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Холанд се смеел и се правел важен кога играч на Гибралтар му понудил размена на дрес

Норвешниот бисер е обвинет за омаложување и исмевање на противнички играч затоа што му било побарано да си ги заменат дресовите.

За Рис Стајш веројатно малкумина слушнале. Можеби доколку во првата сезона од Лигата на нации ги гледавте натпреварите на Македонија против Гибралтал ви останал во сеќавање корпулентниот напаѓач на оваа прилично нова репрезентација.

Во квалификациите за Мундијалот 2022 на седми месецов Норвешка играше токму против Гибралтар, дома. Победи со 5:1, Ерлинг Браут Холанд заби хет-трик и го одигра целиот натпревар. Она што беше чудно е што ниту еден играч на Гибралтар не побара да го размени дресот со него, многу необично бидејќи станува збор за светска ѕвезда и обично противничките играчи се „тепаат“ да разменат дрес со таков великан.

Но, таквото однесување на Гибралтарците имало и своја причина која дури сега ја откри Стајш. Тоа било поради едно недолично однесување на Холанд од нивната прва пресметка во март.

„Никој од нас не го сакаше дресот на Холанд, па сите го одминавме. Во март нашиот капитен Рој Чиполина му го побара дресот кога ни гостуваа во Гибралтар. Норвешка победи со 3:0, но Холанд не постигна гол и го заменија по еден час игра. Не беше расположен“, вели Стајш за The Sun.

„Откако двајцата дадоа интервју за ТВ, Рој му рече: 'Моето синче е твој огромен обожавател, дали би сакал да ги размениме дресовите?'. Холанд само го погледна, се изнасмеа и си замина! Со парите можеш да изнакупиш куп работи, но класата не можеш да ја купиш. Можеби медиумското внимание му удрило в глава“, додава тој, откривајчи запрепастувачка приказна.

„Имаше шанса да го разубави денот на едно мало детенце, но тој рече не. Затоа никој не му го сакаше дресот во Осло. Можеби си го зачувал за спомен на неговиот прв хет-трик, или, пак, му го дал на норвешки навивач бидејќи беше нивен прв натпревар дома со навивачи“, заврши Стајш.

Инаку, Рис Стајш настапува за англискиот седмолигаш Хеднесфорт Таун, а за својата репрезентација има 17 натпревари и 3 гола од кои еден токму против Норвешка во Осло.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе