Холандија бара ЕУ да воведе визи за Грузијците: Патот што го избраа има своја цена

Макфакс
/ 05.12.2024 / 14:18

Холандија ќе побара од Европската Унија да го суспендира безвизниот режим со Грузија, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи, откако повеќе од 300 лица беа уапсени за време на про-ЕУ протестите во таа земја, пишува Reuters.

Демонстрантите во Грузија веќе една недела протестираат против одлуката на владата да ги прекине преговорите за влез во ЕУ.

Холандскиот министер за надворешни работи, Каспар Велдкамп, изјави дека официјално ќе побара од ЕУ „јасно да ѝ каже на грузиската влада дека патот што го избрале има своја цена“.

Велдкамп го изјави ова пред новинарите пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Малта. Тој исто така рече дека ќе побара од ОБСЕ да ги истражи дејствијата на грузиската влада.

Грузијците во моментов можат да патуваат во земјите на ЕУ за кратки посети без потреба од виза.

Грузиските медиуми го цитираа Министерството за внатрешни работи дека повеќе од 300 лица се уапсени од почетокот на протестите поради одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во ЕУ. Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе, кој ја предводи проруската партија Грузиски сон, ги обвини опозициските партии за поттикнување незадоволство.

Тагови
реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Свет

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Читај повеќе

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Читај повеќе

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Читај повеќе
  • filter

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Читај повеќе

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Читај повеќе

Без струја делови од Аеродром и Сарај

Читај повеќе

Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно

Читај повеќе

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе