Холандската федерација ѝ забрани на компанија за секс играчки да спонзорира клуб

Прволигашот Емен остана без главниот спонзор откако КНБВ донесе забрана компанијата за секс играчки EasyToys да биде спонзор на фудбалски клуб.

Емен веќе имаше склучено договор со EasyToys според кој уште пред почетокот на новата сезона требаше да инкасира 500 илјади евра, но сето тоа се изјалови. Нема ни накнадно да добие ниту евро од спонзорот бидејќи КНВБ забрани секс-компанија да биде дел од фудбалскиот свет. 

„Многу сме разочарани што нема да бидеме главниот спонзор на Емен. Ги разгледуваме опциите што ни останаа, во разговор со Емен. За нас, соработката беше логичен избор. Ние сме две успешни компании од ист регион и чувствуваме посебна врска со клубот кој, како и ние, игра на највисоко ниво. Не гледаме никаков проблем“, рече Ерик Идема, извршен диренток на EasyToys.

Емен трета сезона по ред ќе биде дел од најквалитетната холандска лига откако претходно со децении беше заглавен во втората лига. Лани заврши на 12. место.

Ниту претседателот на Емен, Роналд Луберс, не се согласува со одлуката на КНВБ.

„Бевме цврсто убедени дека силата на комбинацијата на двете компании ќе направеше една силна соработка. Ерик успеа со неговата компанија да стане лидер на европскиот пазар во она што за луѓето е една нормална активност. Зарем не е добро тоа што компанија со потекло од југоисточниот дел на Дренте успеа да стигне до таму?“, праша тој.

Емен е клуб од истоимениот град кој се наоѓа во провинцијата Дренте во североисточниот дел на Холандија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе