Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, боксерската легенда Ивандер Холифилд потврди дека се враќа на рингот. Педесет и седумгодишниот Американец ќе учествува во ревијални натпревари.
– Шампионот се врати. Би сакал да објавам дека ќе се вратам во рингот. Ќе боксувам во ревијални натпревари за големи дела, изјави Холифилд за порталот TMZ кој објавува информации за познатите личности.
Претходно, 53-годишниот Мајк Тајсон исто така ја објави својата желба да ја продолжи кариерата во боксот за да учествува во добротворни борби.