Холивуд одбил да го сними: 11 гледачи избегале од премиерата на Terrifier 3, еден повратил

Хорор филмот на Демиен Леоне „Terrifier 3“ неодамна беше премиерно прикажан во Лондон и шокираше многу гледачи.

Signature Entertainment, дистрибутерот на филмот, објави на социјалните мрежи дека 11 луѓе ја напуштиле проекцијата, а едно лице повратило.

„Ако 'Terrifier 3' ве погоди, ве молиме известете нѐ дали ви треба дополнителна поддршка во овој момент“, се вели исто така. Беше издадено и предупредување дека филмот содржи екстремно насилство.

Леоне на Х објави дека бил сведок на „луди работи“ на оваа проекција. Тој претходно изјави дека ова негово филмско остварување е толку шокантно што Холивуд го одбил.

„Отидов во холивудските студија кои сакаа да го снимаат 'Terrifier 3'. Одев на состаноци уште пред да го напишам сценариото. Тие беа загрижени за крвавите сцени и многу повеќе. Знаев дека нема да ми дозволат да снимам“, рече тој.

„Terrifier 3“ ја раскажува приказната за Арт кловнот, кој започнува убиствена треска врз жителите на округот Мајлс додека мирно одат да спијат на Бадник. Улогите во овој филм ги толкуваат Дејвид Хауард Торнтон, Лорен ЛаВера, Антонела Роуз, Елиот Фулам и други. 
Во американските кина ќе почне да се прикажува на 11 октомври.

„Ви гарантирам дека првите 5 минути од овој филм ќе бидат многу контроверзни, но тоа не е ни главната сцена за убиство“, додаде Леоне.

Remote video URL
Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Филм & ТВ

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Read more

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Read more

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Read more

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е најчесто користената песна во филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Читај повеќе

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Читај повеќе

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фотограф „му го пукна филмот“ на Дензел Вашингтон во Кан

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе