Холивудски ѕвезди кои немаат поим каде им е Оскарот

Во филмската индустрија, освојувањето на Оскар е голема привилегија, но има ѕведи на кои оваа награда не им претставува „ништо посебно“. Иако оваа златна статуетка им има донесено статус во кој уживаат со години, некои од нив се толку невнимателни, што ја имаат затурено или изгубено.

Вупи Голдберг на пример, не го изгуби Оскарот бидејќи не ѝ е гајле. Во 2002 година Голдберг доби Оскар за споредна улога во филмот „Ghost“. Актерката го пратила Оскарот во Академијата за филмска уметност и наука за да ѝ биде изгравирано името на статуетката. Академијата го пратила во компанијата R.S. Ovens во Чикаго, задолжена за тоа. Меѓутоа, кога пакетот бил вратен од Чикаго, стигнал празен. Се претпоставува дека некој го отворил пакетот и го украл Оскарот. Подоцна статуетката беше најдена на отпад во близина на аеродромот во Онтарио, Канада. Голдберг го доби назад својот Оскар, валкан, но со нејзино име. Оскаровката вели дека сега веќе нема да дозволи статуетката да биде изнесена од нејзиниот дом.

Аџелина Џоли

Прекрасната актерка во 2000 година освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Girl, Interrupted“, а на свеченоста го шокираше целиот свет кога се бакна со брат ѝ во уста. Златната статуетка ѝ ја подарила на мајка ѝ Маршелин Бертран, а кога таа почина во 2007 година, Оскарот се изгубил во кутиите со нејзините лични предмети.

„Го немам изгубено, само не знам каде точно се наоѓа во моментов“, рече Џоли во едно интервју.

Џеф Бриџис

Џеф Бриџис доби Оскар во 2010 година за улогата во кантри филмот „Crazy Heart“ и успеа да го изгуби до следното доделување на Оскарите.

„Го гледав на разни места по дома изминатава година, ама веќе некое време немам поим каде е. Се надевам дека ќе се појави бидејќи не освоив уште еден“, рече Бриџис.

Мет Дејмон

По незаборавниот момент кога заедно со Бен Афлек освои Оскар за филмот „Good Will Hunting“ во 1998 година, Мет Дејмот не знае каде е неговата златна статуетка.

„Знам дека ја однесов во станот во Њујорк, но за жал тогаш станот се поплави. Потоа заминав на пат и никогаш веќе не го видов Оскарот“, рече холивудскиот актер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе