Холивудските убавици откриваат: Кој е мојот најлош филмски бакнеж?

Холивудските русокоси Кејт Хадсон (41) и Гвинет Палтроу (48) открија дека филмските бакнежи со некои од нивните колеги навистина не биле за паметење. Барем не по добро.

Некои од бакнежите што ги размениле во името на филмски улоги биле толку разочарувачки што им останале врежани во сеќавањето.

„Искрено, имам чувство дека никогаш не сум имала совршен филмски бакнеж“, рече Хадсон како гостинка на подкастот на Палтроу, The Goop Podcast.

Потоа, таа го спомена својот колега со кого глумеше во филмовите „How to Lose a Guy in 10 Days“ (2003) и во „Fool’s Gold“ пет години подоцна – Метју Меконахи.

Remote video URL

„Кога се бакнавме во Fool’s Gold, стоевме во океанот, имавме авионска несреќа, а тој имаше плунка на лицето“, рече познатата актерка.

Палтроу ја праша дали повеќе го чувствува како брат, отколку како некој со кој би можела да биде во романтична врска, на што Хадсон рече дека се чувствува така понекогаш, но не секогаш.

Потоа и Палтроу се отвори и рече дека кога се бакнувала со Роберт Дауни Џуниор се чувствувала како да се бакнува со брат.

„Со Роберт, кога го бакнав, си реков „А бе ајде, ова е буквално како да го бакнувам брат ми!“

Хадсон сепак кажа и кој актер го поминал „тестот“ – Били Крадап со кој играше во „Almost Famous“ (2000).

Уште една позната холивудска русокоса – Шерон Стоун – неодамна зборуваше за тоа кој од нејзините колеги најдобро се бакнува.

Актерката како гостинка во една емисија одговори на прашањето на гледачите и се чини дека не мораше многу да размислува, бидејќи беше прилично сигурна во нејзиниот одговор.

„Роберт де Ниро дефинитивно најдобро се бакнува. Да, Боб е далеку пред сите други“, рече Стоун.

Како што објасни таа, причината за ваквиот одговор е и фактот дека имала многу почит кон него уште пред да соработуваат заедно, пренесува британски Mirror.

„Му се восхитував најмногу од сите актери. Сакав да бидам како него цела моја кариера. Можеби затоа бакнувањето со него беше одличен момент за мене. Бев лудо заљубена во него како актерka, па веројатно можеше да ме чукне по глава со чекан и јас да речам дека тоа е супер“, се пошегува актерката.

Remote video URL

Де Ниро „победи“ во силна конкуренција – Стоун работела со некои од најпознатите „шармери“ во Холивуд, како Силвестер Сталоне, Мајкл Даглас и Арнолд Шварценегер.

„Не можам да споредувам никој друг со Де Ниро. Во споредба со него, сè друго е млако“, рече 62-годишната Стоун.

А како Де Ниро реагираше на оваа вест?

Remote video URL
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе