Хонгконг им нуди по два слободни дена на оние кои ќе се вакцинираат

Б.С.Б.
/ 31.05.2021 / 13:21

Хонгконг на јавните службеници ќе има даде по еден слободен ден по примена доза вакцина против COVID-19, објави тамошната влада, обидувајќи се да ја забрза бавната кампања на имунизација на 7,5 милиони луѓе.

Патрик Нип, секретар за јавни услуги, на прес-конференција објави дека владата е во разговори со финансиски институции, факултети и забавни паркови за воспоставување центри за вакцинација на нивните вработени.

Шефицата на Владата на Хонгконг, Кери Лам, во таа пригода изјави дека се испратени повеќе од стотина писма до компаниите со цел да ги следат мерките.

„Денеска ја започнуваме кампањата „Рано вакцинирање за сите“ со цел да се забрза бројот на вакцинирани и да се постигне колективен имунитет“, изјави таа.

И од министерството за здравство во Хонгконг повикаа колегите да се вакцинираат, предупредувајќи ги дека би можело да се случи уште еден бран на коронавирус со што повторно би се вовеле рестриктивни мерки за оние кои не се вакцинирани.

Една доза досега примиле околу 21 процент од населението постаро од 16 години. Жителите на Хонгконг можат да бираат меѓу вакцините на Sinovac и Pfizer.

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе