Хороскоп и раскинување: Бикот пати долго, Лавот си купува подароци

Раскинувањето не е добра фаза од животот, без разлика дали вие оставате некого или вам ви раскинуваат.

 

Сите различно реагираме на промената и ни треба различен метод на справување со загубата. Некои брзо наоѓаат нова љубов или барем флерт, додека други долго време патат и анализираат каде била грешката.

Хороскопските знаци на кои припаѓаме може да дадат некаков одговор за тоа како го поднесуваме раскинувањето, според нашите генерални карактеристики.

ОВЕН

Продолжувате понатаму со животот побрзо од сите други. Вашиот збор мора да биде последен и сакате да ѝ покажете на сега веќе поранешната сакана личност, што точно изгубила. Откако ќе си кажете сѐ што ви тежи на душата, продолжувате понатаму и не се свртувате назад.

БИК

Мразите промени и секое раскинување тешко ви паѓа, без разлика дали ви раскинале или раскинувате, иако ова второво е помалку веројатно. Патите долго и на моменти драматично, а очекувате од другите околу да го потврдат вашиот избор, односно да застанат на ваша страна по раскинувањето. Тагувањето ќе заврши дури откако ќе најдете нова симпатија на која ќе ја фокусирате вашата посесивност.

БЛИЗНАЦИ

Ако неколку месеци по раскинувањето уште имате пријатели, браво за вас. Близнаците се познати по анализирање и претерано размислување за сите најмали детали на секој аспект од животот, а врските и раскинувањата не се исклучок. Вашите пријатели со месеци ги слушаат анализите на секој разговор, порака, поглед, средба со бившите партнери кога и да се видите, слушнете или допишувате. Тоа не значи дека сакате да ја обновите врската, туку дека тоа е дел од вашиот процес на заокружување на приказната. Кога ќе завршите, поранешниот партнер засекогаш останува во вашето минато.

РАК

Ракот е воден знак и во неговата природа е емоциите постојано да му се во движење, како бранувањето на водата. Ова значи дека по неколку дена поминати во изолација, тагување и самосожалување, нагло ќе излезете со друштвото и ќе почнете да барате нова љубов. За жал, често мислите на бившите подоцна и во моменти на слабост, им се јавувате.

ЛАВ

Горделивост и љубов кон луксузни работи. Овие две ваши карактеристики се спојуваат најчесто кога сте тазе излезени од врска. Нема да покажете дали ви е тешко, напротив, сакате сите да знаат дека ви е супер, а тоа ќе го покажете со излегување, честење и секако, луксузни подароци за себе за да се чувствувате посебно. Но, нема да дозволите никој да ви се приближи, иако понекогаш флертувате. Ќе ви треба време за нова врска.

ВАГА

Вие не губите време со чувства како болка и патење. Брзо продолжувате понатаму со животот, најчесто со нова минлива врска без емоции која ќе ви помогне да го надминете раскинувањето. Би било добро одвреме-навреме да си дадете простор да бидете сами и да се преиспитате што точно сакате, наместо да скокате од една во друга врска.

СКОРПИЈА

Многу сте емотивни, но не и театрални. Вам ви годи добар разговор низ кој ќе анализирате каде и зошто почнала да се распаѓа врската. За разлика од Близнаците, нема да зборувате за тоа со секого и постојано, туку со одбрана личност, а за вас не е табу да побарате и помош од психотерапевт. Кога ќе „сварите“ сѐ што ви се случило продолжувате понатаму, подучени од грешките.

СТРЕЛЕЦ

Добро знаете дека не размислувате многу за минатото, па така е и за врските. Брзо преболувате раскинувања и веќе сте на седмо небо и затрескани во некоја нова личност која ги храни вашето его и постојан глад за авантура. Многу ретко се навраќате на бившите, но само во мислите.

ЈАРЕЦ

По раскинување многу ви е важно да направите пауза од што било слично на љубов и врска и да се фокусирате само на себе. Раскинувате само откако сте ги истражиле сите опции, па вашите одлуки се конечни и не мислите многу на бившите. Единствено се анализирате себеси одвреме-навреме, а целата енергија ја насочувате на кариерата. Обично по раскинување ви тргнува во работата, па може да им кажете фала на бившите.

ВОДОЛИЈА

Кога раскинувате тоа за вас е конечен одговор во квизот на врската. Такви сте речиси за сѐ во животот и тоа ве штити од непотребно страдање и губење време. По природа сте сонувач и индивидуалист, па не дозволувате никој да ги контролира вашето време и енергија. Толку не се интересирате за бившите, што најверојатно нема ни да ги поздравите ако ги сретнете на улица.

РИБИ

Кога се врските во прашање, вашите емоции се на сите страни. Тоа е помножено со 100 кога раскинувате. Повеќе им верувате на сите други, па дури и на гатачки, јасновидци и тарот карти, отколку на сопствените мисли и чувства. Се колебате најмногу бидејќи не сакате да бидете сами, вие цветате кога сте во двојка, кога постоите за другиот. Можеби е подобро малку да се запознаете себеси пред да се предадете на нова љубов.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе