Хороскопски знаци кои ќе ви дадат најдобар љубовен совет

Ако се соочувате со љубовни проблеми и ви треба разумен совет од пријател кој ќе ве ислуша, обратете се кај припадник на еден од овие три хороскопски знаци.

Емпатијата, искреноста и логиката што ја поседуваат овие три знаци се она што ви е потребно и самите реално да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате и да донесете правилна одлука.

Риби

Адут: Емпатија

Рибите се неверојатни кога станува збор за разбирање емоции, главно бидејќи и самите имаат силни емоции и не се плашат да се соочат со нив. Поради тоа се одлични советници кога станува збор за љубовни проблеми – ќе ви помогнат да ги идентификувате своите чувства и ќе споделат свое искуство како се справиле со тие емоции. Рибите се воден знак и знаат како е да се биде преплавен со емоции, па токму поради тоа се совршено „рамо за плачење“.

Стрелец

Адут: Искреност

Стрелците можеби се чинат како неочекуван избор на советник кога станува збор за проблеми во љубовниот живот. Не се познати по нивната сочувствителност, но затоа се одлични кога станува збор за искреност, дури и кога мислите дека не сте подготвени да го слушнете тоа. Стрелците ќе ви помогнат реално да ја согледате ситуацијата и ќе ви удрат ладен туш со брутална искреност. Тоа ќе ви помогне да не влегувате во магепсаниот круг на самозалажување и самосожалување. Сепак не се бесчувствителни – знаат да ги одберат зборовите со кои ќе ве соочат со реалноста на ситуацијата.

Девица

Адут: Логика

Девиците се познати по нивната способност да организираат сѐ до перфекција, но исто така и логично да анализираат. Нивната изострена логика ќе ви помогне јасно да видите како стојат работите и кои се можните исходи. Девиците ќе ви помогнат кога се чувствувате изгубено или несигурно во врската и ќе ви помогнат самите да дојдете до решение, наместо да ви го наметнат своето мислење.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе