Хороскопски знаци кои меѓусебно тешко се поднесуваат

Секој хороскопски знак си има посебни карактерни црти, а некои едноставно не се совпаѓаат заедно.

Постојат хороскопски знаци кои тешко се поднесуваат меѓу себе, особено кога станува збор за комуникацијата, пишува Your Tango.

Дознајте со кои знаци тешко ќе најдете заеднички јазик:

1. Близнаци и Близнаци

Ова е знак кој навистина тешко може да излезе „сам со себе“ на крај. Во себе Близнаците носат два карактера и постојано се на границата меѓу нормалното и лудоста.

Кога два Близнаци ќе се спојат пред нив се две можни ситуации – или ќе бидат најдобри пријатели или најлоши непријатели. Нема златна средина кај нив.

2. Скорпија и Водолија

Скорпиите немаат баш многу пријатели во Зодијакот, тие се едноставно такви какви што се. Но, ако треба да се издвои еден знак што Скорпијата тешко може да го поднесе, тогаш тоа би било Водолијата.

Проблемот е во тоа што Водолиите се премногу опуштени, со отворен ум и молчаливи, а тоа ги излудува Скорпиите. Нивната нетрпеливост е обострана, и Водолијата подеднакво не може да ги поднесе Скорпиите.

3. Вага и Овен

Вагите сакаат да мечтаат и во нивниот свет сè е убаво и во рамнотежа. Во оваа комбинација доаѓа до судир на светови, бидејќи Вагата е знак што сака да го одржи мирот, додека Овенот е тврдоглав и секогаш тој мора да е во право.

Иако се често непријатели, сепак се почитуваат меѓусебно бидејќи се разбираат на начин што другите знаци не можат да го сфатат.

4. Лав и Бик

Иако Лавот и Бикот може да имаат добра љубовна врска бидејќи спротивностите се привлекуваат, сепак е потешко да одржат пријателство.

Потребата на Лавот да биде лојален се спротивставува на потребата на Бикот да направи сè што мора за да го добие тоа што го сака.

Покрај тоа, храброста на Лавот и тврдоглавоста на Бикот не се добра комбинација, во исто време се многу слични и многу различни.

5. Рак и Риба

И двата знаци се многу чувствителни, па дури и пречувствителни. Поради тоа веднаш би помислиле дека се идеални еден за друг, но не се.

Се разликуваат по тоа како се носат со своите чувства. Додека Ракот чувствата ги крие и ги чува длабоко во себе, Рибите не се срамат да покажат што мислат и како се чувствуваат во кој било момент.

Поради тоа овие два знаци често не можат да се трпат еден со друг поради начинот на кој се носат со емоциите.

6. Овен и Овен

Освен Близнаците, и Овните тешко се поднесуваат „себеси“.

Замислете ситуација во која два Овни ќе се скараат околу нешто, на сите им е јасно дека ниту еден нема да попушти и да признае дека е виновен, а тоа води кон целосна катастрофа.

Во состојба се да се караат и да се „пецкаат“ меѓусебно со децении.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе