Понекогаш мали дози на љубомора може да бидат корисни за да се предизвика реакција кај партнерот, но тоа е опасна игра со овие четири хороскопски знаци.

Љубомората е непријатно чувство познато како чест придружник на љубовта, а произлегува токму од стравот од губење на саканата личност. И додека малите дози на љубомора се сметаат за нормални, па дури и пожелни, прекумерните количини можат навистина да наштетат - па дури и да ја уништат врската...
Покрај љубомората во љубовните врски, луѓето кои се склони кон неа честопати можат да покажат знаци на засилена завист и љубомора и во другите области на живот, од работа до семејство и пријателства.
Овие хороскопски знаци се познати по својата љубомора, а за тие што ќе се препознаат нудиме и совети како може да ја канализираат на поздрав начин.
Зошто се љубоморни?
За припадниците на овој знак животот е спринт. Секоја љубомора која се разгорува кај нив, се раѓа од чиста нетрпеливост во трката за нивните соништа. Овните може да се чувствуваат како постојано да играат во продолженија. Водени од нивните цели и натпреварувачки расположени, Овните им завидуваат на луѓето кои напредуваат во остварувањето на нивните цели. Овните сакаат да бидат први – без разлика дали ќе стапнат на Марс или ќе испечат торта, но факт е дека не можат да се ослободат од чувството дека времето им истекува.
СОВЕТ
Припадниците на овој огнен знак сакаат да се разликуваат од толпата. Но, во светот има простор секој да го достигне својот најголем потенцијал. Наместо да ја насочувате својата немирна енергија кон она што другите го постигнале, пренасочете го кон некоја повредна цел. Еве на пример насочете се кон овозможување на промените што сега му се потребни на светот. Пронајдете ја причината што ја пали вашата внатрешна огнена моќ. Кога работите со други кон остварување значајна цел, сакате сите да успеат (без да забележувате резултати).
Зошто се љубоморни?
Тие уживаат кога искрат во центарот на вниманието, особено кога предизвикуваат воодушевување во кругот на своите познаници. И, нормално, тие не се одушевени кога некој ќе ги турне од сцената за да го преземе водството. Ако Лавовите можат да се изразат и да се чувствуваат ценети - дали со споделување на нивната најнова слика или со добро истражено политичко мислење - тие се помалку склони кон љубомора. Но, кога немаат внимание, тешко им е да гледаат како на другите им оди добро и добиваат комплименти, особено кога мислат дека тие можеле да го направат истото, ама „подобро“.
СОВЕТ
Признанијата се гориво за Лавот. Но, кога вашите резерви се мали, не ви е корисно да се жалите за обожавањето што им било дадено на другите. Наместо тоа, свртете се кон своите најблиски кои добро ги паметат вашите постигнувања и секогаш имаат нешто убаво да ви кажат. Запомнете - важно е дека длабоко сте влијаеле на некого, а не тоа колку луѓе виделе што сте направиле. Исто така, давајте повеќе од себе во други области за кои досега можеби не сте покажале голем интерес. Поставете си нови предизвици – почнете да трчате, научете да правите некој специјалитет, свирете нов инструмент. Насочете ја зависта кон нова цел.
Зошто се љубоморни?
Скорпијата лесно поминува низ две реалности: видената и невидената. Тие се заинтересирани да ги отстранат површните слоеви на универзумот за да ги откријат добрите работи: вистината. Така, додека гледаат како нивниот партнер нарачува кафе од келнерката, тие можат да го видат нивниот „таен јазик на флертување“. Дали ќе ѝ го напише својот број на сметката? Дали ќе ја гледа подолго отколку што треба? Љубомората произлегува од паранојата на Скорпијата. Вие сте еден од најкреативните знаци во хороскопот, но оваа визија ја користите за да измислувате сценарија што всушност не се случуваат, па вашиот гнев расте од ден во ден.
СОВЕТ
Наместо да го замислувате најлошото сценарио „за секој случај“, зошто да не ја искористите вашата живописна фантазија? Замислете фантастични работи што се случуваат во ваша корист: вашите пријатели ве фалат кога не сте со нив, вашата идеја за нов бизнис ќе го разниша пазарот... Ако никој од нас навистина не може да контролира што се случува, зошто да не го претпоставиме најдоброто? Којзнае, можеби тоа би можеле да го претворите во реалност.