Хороскопски знаци на кои најмногу ќе им влијае утрешната полна Месечина во Јарец

Четири хороскопски знаци на кои ќе влијае полната Месечина во Јарец - тие се најпогодени од оваа лунарна енергија.

 

Полната Месечина во знакот Јарец почнува на 13 јули и претставува моќен лунарен циклус, силна енергија и неверојатен интензитет на емоции. Познато е дека полната Месечина често може да предизвика конфликти, драми, нагли промени, но може да послужи и како енергија која ќе ве поттикне да се ослободите од негативноста.

Секоја полна Месечина означува крај на еден циклус, па оваа може да укаже и на не престанок со лошите навики, отфрлање на сè што не оптоварува и ве мачи. Наместо тоа, нешто добро и големо може да влезе во вашиот живот.

Во исто време, ќе бидеме под влијание на ретроградниот Нептун, кој ги разбива сите илузии, додека ретроградниот Сатурн нè учи да бидеме дисциплинирани и посветени на нашите амбиции.

Оваа полна Месечина се нарекува и Елен Месечина, во согласност со промените во природата - во овој период на елените почнуваат да растат нови рогови покриени со кадифено крзно. Ја нарекувале и „Бурна месечина“, бидејќи бурите се вообичаени во тоа време.

РАК

За време на оваа полна Месечина, може да забележите некои големи промени кои се случуваат во вашиот живот. Енергијата на полната месечина ќе влијае на вашата општа благосостојба, како и на вашето здравје и партнерските односи. Тоа може да стане интензивно во вашите блиски односи. Оваа Месечина дава можност да испитате како можете да внесете малку поголема стабилност во вашите лични односи. Но, за да ја имате врската што отсекогаш сте ја посакувале, можеби ќе треба да се откажете од одредени обрасци кои ве држат затворени во токсична динамика. Ако знаете дека нешто не функционира, не го игнорирајте тоа чувство, видете какви рани се отвораат во вас. Од друга страна, ако срцето ви кажува дека нешто е во ред, не дозволувајте стравот да ве спречи во врските што ги заслужувате.

ЈАРЕЦ

Не само што е јулската полна Месечина во вашиот домашен знак, туку и вашиот планетарен владетел Сатурн е ретрограден во слободоумната Водолија. Тоа значи дека за време на оваа полна Месечина може да доминираат тешки теми поврзани со вашата самоперцепција, потсвест и начин на размислување. „Кој си ти воопшто?“ ќе биде вашето главно прашање овие денови. Месечината ве поттикнува да почнете да размислувате надвор од вашата комфорна зона. Можете да добиете подлабок увид во настаните што ви се случиле во последните шест месеци. Ќе се чувствувате емоционално чувствителни, но можете да верувате дека она што сега треба да се трансформира добро ќе биде „осветлено“ и истакнато деновиве преку ситуации во врската.

ВОДОЛИЈА

Јулската полна Месечина може да направи да се чувствувате малку осамено. Се работи и за тоа дека може да посветите многу време на работата, а малку помалку на социјалниот живот. Сега е исто така добро време да се фокусирате на усогласување на вашата потсвест зад вашата свесна свест. Теоретски разбирате многу работи, но во пракса тоа не е така лесно. Кој чекор можете да го преземете овие денови што ќе ве усогласи повеќе со она што веќе го разбирате во вашиот ум?

ВАГА

Вагите можно е да почувствуваат и „торнадо“. Пред сè ќе биде нападнат вашиот начин на комуникација. Но и вашиот дом и семејство, каде што треба да се соочите со реалноста на она што се случува во вашиот приватен живот. Ако дома има конфликт и незадоволство, можеби оваа полна Месечина конечно ќе ве поттикне да ја кажете својата вистина. Запомнете дека вашите корени се она што го поддржува вашиот раст, но важно е да се ослободите од она што е негативно и неповолно. Сега е одлично време за преуредување на станот, чистење, палење темјан и слично. Направете си безбеден и пријатен простор дома каде со задоволство ќе ги поминете долгите летни вечери.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе