Ве возбудува ли помислата на релаксирана врска без ограничувања, без обврски? Дознајте со кои хороскопски знаци најлесно може да станете пријатели со бенефиции.
Верувате ли во незадолжителни романтични врска со пријатели? Во периодот на летните месеци луѓето повеќе се фокусираат на флертување и опуштени врски, односно на пријателство со бенефиции, а тоа најлесно може тоа да го доживеете со родените во овие четири хороскопски знаци, пишува PinkVilla.
Близнаците се отворени, па затоа и можат да бидат дел од отворена врска. Со оглед на тоа што имаат прилагодлива природа. Сакаат релаксирани работи како во животот, така и во креветот. Нивната пријателска природа за спојување со луѓе е вистински додаток за здрава и среќна приказна за пријателство со бенефиции.
Стрелците се секогаш во потрага по необични авантури, но сакаат и да ризикуваат. Лесно успеваат во лежерни врски бидејќи се свесни дека токму во нив до израз доаѓа највисокиот сексуален нагон, па во вакви ситуации можат да си ги задоволат сексуалните желби без некаков напор.
Стрелецот може да ви биде идеален пријател со бенефиции.
Личностите родени во овој знак се смешни, креативни, опуштени и постојано бараат неконвенционални начини за целосно релаксирана романса. Копнеат за односи во кои не е ограничена нивната слобода, па можат да се најдат и во ваков вид отворена врска.
Скорпиите сакаат независност, а имаат и силно либидо. Можат да подивеат од страст, а кога станува збор за врските, сакаат да бидат дел и од отворени врски бидејќи добиваат слобода во креветот за која најчесто и фантазираат.