Хороскопските знаци на пуст остров: Кој ќе преживее, кој ќе полуди?

Мали се шансите да завршите на пуст остров, но никогаш не се знае.

Ако припаѓате на еден од овие четири хороскопски, тогаш не треба да се грижите многу ако некогаш се најдете во таква ситуација. Но, има и еден знак кој ќе „шекне“ на пуст остров.

Девица

Овој земјен знак е познат по својата самодоверба, аналитичност и љубов кон природата. Бидејќи земјените знаци секако се многу практични и прагматични, Девицата има тенденција навреме да биде добро организирана. Така, на пример, припадниците на овој знак ќе знаат колку долго човек може да преживее без вода и кои црвени бобинки се здрави, а кои се отровни. Тие го забележуваат секој детаљ, бидејќи нивната планета е Меркур, кој е задолжен за комуникација. За време на нивниот престој на пуст остров, тие ќе соберат храна, ќе бараат вода и ќе бидат сигурни дека огнот полека гори цело време. Девицата секогаш ќе предвидува што може да тргне наопаку, и благодарение на тоа, сигурно ќе преживее.

Скорпија

Овој енигматичен и мистериозен воден знак одлично се справува во непредвидливи ситуации. Бидејќи овој знак го краси борбен дух и способност да се одбрани, останувањето на пуст остров нема да му претставува проблем. Тој веројатно веќе има швајцарско ноже во џебот и идеја како да се снајде во екстремни околности. Скорпијата е отпорна на сè, па затоа ќе постигне што и да посака. Таа трпеливо ќе лови риби со часови, и ќе се искачи на дрво за да го собере најдобриот кокос. Бестрашно е независна, па никој не мора да ѝ објасни како да направи оружје со кое ќе се одбрани.

Стрелец

Најдобрата алатка што ја има овој огнен знак е вечниот оптимизам. Тој дефинитивно ќе биде потребен за да може Стрелецот да ги преживее долгите денови поминати во осаменост. Бидејќи сака авантури, Стрелецот веднаш ќе започне да го истражува островот каде што се најде. Благодарение на силната волја, тој ќе се искачи на највисокиот врв, исто како што нема да се плаши да нурка длабоко. Кога е соочен со предизвик, Стрелецот ја покажува својата силна психофизичка страна, а филозофскиот пристап кон ситуацијата што ја дава Јупитер дополнително ќе го мотивира.

Водолија

Ако некој е во можност да излезе од непријатна ситуација со помош на неговиот ум, тогаш тоа е секако овој воздушен знак. Водолијата е многу креативна, склона кон наука и инвентивност. Таа секогаш гледа кон иднината и е во состојба да го примени во пракса она што на другите им изгледа невозможно. Припадниците на овој знак ќе можат да најдат поток, да сфатат како да направат засолниште од бамбус и облека од палмини лисја.

А знакот кој би полудел на пуст остров е…

Вага

Воздушниот знак кој исклучително многу вложува во меѓучовечките односи и ретко е сам, е Вагата. Затоа, би било многу тешко за која било Вага да поднесе да биде осамена, а уште помалку да биде на пуст остров. Знаејќи дека станува збор за рафиниран и грациозен знак, точно е дека припадниците на овој знак тешко ќе се справат со екстремни и не многу удобни услови. Во основа, Вагите се прекрасни, но би било подобро што е можно побрзо да го напишат знакот S.O.S. на песок и да се вратат дома кај своите најблиски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе