Хоспитализирани вкупно 636 позитивни и суспектни на COVID-19

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 636 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од вирусот, а на инфективните клиники вкупно се лекуваат 261 лице. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми.  Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти  и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, посочија од Министерството. 

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.  

Од Министерството дополнуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа  во ковид–центрите во болниците низ другите градови во земјава  пријавено дека се лекуваат вкупно 375 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 42 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 50, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 48, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе