Хотелиерите од Халкидики подготвени да покријат 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите на туристите

Намерата 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите за туристите чија дестинација е Халкидики да бидат покриени од членовите на Сојузот на хотелиери на Халкидики и на туристичката организација на полуостровот, ја изрази претседателот на двете организации, Григорис Тасиос говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Тасиос, кој е и претседател на Грчката федерација на хотелиери, вели дека тоа е иницијатива која била спроведена и лани во август.

„Туристот со дестинација Халкидики, тестот заедно со сметката ќе ги покаже при пријавувањето во хотелот и ќе му биде вратен половина од износот што го платил“, објаснува Тасиос, посочувајќи дека со конкретниот предлог го зајакнуваат размислувањето на Владата за отворање на копнените граници.

За АНА-МПА додава дека отворањето на туризмот се базира на три точки: сертификат за вакцинација, рапид тест или ПЦР тест.

Во однос на сертификатот за вакцинација, во интервју за солунското радио „Тесалоники 94.5“, Тасиос изрази задоволство од постигнатиот договор меѓу Грција и Израел и вели дека може дури од почетокот на мај да пристигнат првите израелски туристи, а не ја исклучува можноста билатерални договори да се склучат и со балканските земји.

„Полека се одмотува клопчето. Постои расположение да се отворат нашите копнени граници и постои раздвиженост за договори со земји од Балканот, иако сме загрижени во однос на инфраструктурата на царините на граничните премини“, објасни претседателот на Грчката федерација на хотелиери и истакна дека ако не постои договор за сертификатот за вакцинација на европско ниво, тогаш Грција ќе треба да склучи меѓудржавни договори за да има предност во конкуренцијата со Шпанија и Турција. 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе