Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Што и да јадеме и пиеме во текот на животот поминува низ нашиот црн дроб.

Токму затоа овој орган ги издржува и ги апсорбира сите наши лоши навики во исхраната и го штити нашето тело преку својата работа.

Доколку сакате да направите нешто добро за вашето тело, а со тоа и за вашиот црн дроб, дознајте како да го одржувате здрав и што да го „исчистите“.

Масната и пржена храна, нездравите пијалоци, алкохолот и лековите се главните непријатели на нашиот црн дроб, кој има функција на филтер во телото кој го чисти организмот од штетните состојки.

Но, токму поради тешката работа што ја врши, црниот дроб може многу да се оптоварува, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Со оглед на тоа дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болен црн дроб нема да не повреди, а со тоа и болеста е многу тешко да се открие. Но, добрата вест е што црниот дроб се регенерира и речиси секоја штета може да се санира.

Храна која го прочистува црниот дроб:

1. Лук – го поттикнува производството на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

2. Агруми – богати со витамин Ц, агрумите се моќен антиоксиданс кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.

3. Цвекло – богата со флавоноиди, го стимулира црниот дроб и ја подобрува неговата работа.

4. Зелен чај – катехинската состојка со која е богат овој чај е моќен антиоксиданс кој го чисти организмот.

5. Зелен лиснат зеленчук – спанаќот, кељот, блитвата и зелената салата се полни со хлорофил и се многу ефикасни во неутрализирање и исфрлање на токсините од крвниот систем.

6. Ананас – полн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсините.

7. Нане – листовите од нане се богати со флавоноиди кои делуваат како моќни антиоксиданти.

8. Ѓумбир – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот, помага да се исфрлат мастите од телото.

9. Ореви - содржат големи количини на омега-3 масни киселини и амино киселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

10. Зелка – исто како брокулата и карфиолот, така и зелката силно делува на ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат и ја забрзуваат неговата работа.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Здравје

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more

Едноставен едноминутен тест може да предвиди влошување на здравјето на мозокот

Read more

Како чаша топла вода на празен стомак влијае на телото?

Read more

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Read more
 

Магазин

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Читај повеќе

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

За што може да ви забранат да се качите во авион?

Читај повеќе

Како може да ја намалите анксиозноста кај вашето куче?

Читај повеќе

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Читај повеќе

Виенски шницли со сос од печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчести грешки при пролетното чистење на домот

Читај повеќе

Кои се најчестите измами што ги прават туристичките агенции?

Читај повеќе
  • filter

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Читај повеќе