Храна која придонесува за здравјето на мозокот: Богата со хранливи материи

Како што старееме, природно е когнитивните функции да се менуваат, но исхраната може да игра важна улога во поддршката на здравјето на мозокот на која било возраст.

Истражувањата покажаа дека одредени намирници кои се богати со хранливи материи можат да му помогнат на мозокот да го забави стареењето.

Неврохирургот д-р Брајан Хофлингер на TikTok сподели кои четири намирници им ги препорачува на своите пациенти за подобрување на здравјето на мозокот.

Тој советува во исхраната да се внесат спанаќ, кељ и брокула бидејќи, како што тврди, тие се извори на витамин К и фолати. Покрај тоа, рибите како лососот, пастрмката, сардината и скушата се меѓу најдобрите намирници за здравјето на мозокот поради високите нивоа на омега-3 масни киселини.

Јаткастите плодови содржат здрави масти кои се неопходни за здравјето на мозокот. Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, растителни омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат структурата на мозочните клетки и го намалуваат воспалението. Ф'стаците се исто така одличен извор на протеини и здрави масти.

Бобинки содржат антиоксиданси кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението. Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на мозочните клетки, а антиоксидансите во бобинките ги штитат клетките, особено во делови од мозокот поврзани со меморијата и учењето. Бобинките се корисни и за подобрување на меморијата.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Здравје

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Read more

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Read more

Како вечерањето доцна влијае на крвниот притисок?

Read more

Што треба да јадете почесто наместо да се „клукате“ со суплементи?

Read more

Магазин

  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Што да направите во септември за вашите хортензии да цветаат бујно следната година?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Читај повеќе

Како Меркур во Вага ќе влијае на секој хороскопски знак од 10 до 30 септември?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Читај повеќе

Зошто Италијанците го пијат утринското кафе „од нога“?

Читај повеќе

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе