Храна која жените над 50 години треба да ја исфрлат од менито

Хормоналните промени се неизбежни за жените кои влегуваат во 50-тите години и минуваат низ менопауза.

 

Сепак, има неколку работи што можете да ги направите за да ги минимизирате симптомите на менопаузата, а исхраната е еден од клучните фактори што треба да се земе предвид. Вклучувањето на хранлива, целосна храна во вашата исхрана е важен чекор во вистинската насока, но исто толку важно е да го ограничите внесот на одредени преработени намирници кои можат да ја попречат способноста на телото да го балансира естрогенот, прогестеронот и другите хормони.

Да се фокусираме на вообичаените виновници - треба да се откажеме од одредена храна за подобра хормонална рамнотежа и управување со тежината по 50-тата година. Д-р Мајкл Лахи предупредува на три популарни намирници што треба да ги избегнуваме.

1. Преработено месо

Иако се вкусни, преработените меса како колбаси, виршли и филеа се едни од најлошите видови месо за здравјето, вклучувајќи го и здравјето на хормоните. Прекумерното консумирање може да го зголеми нивото на естроген и да ја наруши хормоналната рамнотежа, што значи дека жените за време на менопаузата треба да бидат особено внимателни со внесувањето на овие намирници. Покрај тоа, преработеното месо содржи многу натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление.

„Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, истакнува д-р Лахи за SheFinds. Тој додава дека надуеноста и онака е честа поплака за време на менопаузата, а додадениот натриум во овие месни производи само ја влошува ситуацијата. За да се избегне ова, д-р Лахи препорачува да се изберат посни протеини, како што се пилешки гради без кожа или риба.

2. Слатки и газирани пијалоци

Слатките како бонбоните и газираните пијалоци се без сомнение вкусни за многумина и тешко е да им се одолее. За жал, нивната висока содржина на фруктоза веројатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги исфрли хормоните од рамнотежа и да ги влоши промените на расположението и заморот, кои се вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливо расположение и непотребен замор, што многу се чувствува во менопаузата“, предупредува д-р Лахи.

Плус, сиот тој шеќер може да придонесе за складирање на маснотии и да го зголеми ризикот за други здравствени проблеми. Докторот препорачува свежо овошје или парче темно чоколадо како поздрава алтернатива кога сакаме нешто слатко. Ако сè уште копнееме за газиран пијалок, тој препорачува вода со лимон или бобинки.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, колачи и други рафинирани јаглехидрати може да бидат вкусни задоволства, а во некои случаи дури и основни производи во кујната. За жал, за време на менопаузата, и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според лекарите, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така може да ги влошат промените во расположението и често да се чувствувате исцрпени. Наместо тоа, можеме да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и леб од цели зрна за подобра регулација на шеќерот во крвта и одржлива енергија.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Здравје

Марихуана или алкохол: Што остава посериозни долгорочни последици?

Read more

Како со храна да се изборите против пролетната слабокрвност?

Read more

Храна што го намалува холестеролот, а не ја јадеме доволно

Read more

Гастроентеролозите препорачуваат вклучување неколку намирници во дневната исхрана за здравје на цревата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Читај повеќе

Најчестата грешка што ја правиме кога переме црна облека

Читај повеќе

Марихуана или алкохол: Што остава посериозни долгорочни последици?

Читај повеќе

Забрането пушењето на плажа на една од најпопуларните дестинации на Јадранското Море 

Читај повеќе

На 3 хороскопски знаци им се менува животот од 20 мај 

Читај повеќе

Како со храна да се изборите против пролетната слабокрвност?

Читај повеќе

Предлог рецепт: Посни плескавици од сардини и млад кромид

Читај повеќе

Храна што го намалува холестеролот, а не ја јадеме доволно

Читај повеќе

Трик како да го подобрите вкусот на горчливата зелка

Читај повеќе