Храна од која се таложат масни наслаги во телото

А.С.
/ 27.05.2022 / 07:17

Ако сакате да го изгубите вишокот килограми, избегнувајте ја оваа храна.

Ако сакате да изгубите тежина, а стрелката на скалата воопшто не се поместува, можеби треба да проверите што точно јадете. Некои намирници помагаат таложење на масни наслаги во телото.

Бел леб

Белиот леб е обично високо обработена храна, а нутритивно е сиромашен и полн со прости јаглехидрати. Нема ниту влакна, ниту протеини и има висок гликемиски индекс. Оваа храна се вари премногу брзо и многу набрзо после тоа сме повторно гладни.

Чипс

Чипсот е брз начин за нездраво зголемување на телесните масти, особено ако се јадат премногу често. Покрај тоа, чипсот е храна што најмногу придонесува за дебелеење во период од 4 години, покажа една студија. Чипсот беше спореден со компири, слатки пијалоци со шеќер и преработени и непреработени производи од месо.

Чиповите се полни со маснотии, преработени јаглехидрати и сол. Поради овие три состојки, тешко е да престанете да го јадете и ова често доведува до прејадување, што резултира со зголемување на телесната тежина.

Крофни

Иако се вкусни, претераното јадење крофни може да предизвика таложење масни наслаги. Тие се полни со преработени јаглехидрати кои предизвикуваат ненадеен пораст на шеќерот во крвта и само за кратко го задоволуваат гладот. Истовремено, панкреасот ослободува иста количина на инсулин за да го „исчисти“ вишокот гликоза во крвотокот и да го насочи кон клетките.

Откако ќе влезе во клетките, ќе почувствувате ненадеен наплив на енергија што ќе трае околу 20 минути. Но, како што нивото на гликоза забрзано се намалува, така ќе се намали и вашата енергија. Ова е причината зошто често се чувствувате уморни откако јадете преработени јаглехидрати.

Маргарин

Ако сметате дека маргаринот е подобра опција од путерот, грешите. Особено е проблематично кога на декларацијата на маргаринот се наведува дека е диетален или има 0% маснотии, тогаш луѓето имаат навика да претеруваат затоа што мислат дека јадат нешто здраво. Потоа, наместо да ослабат, тие добиваат на тежина, и честопати не им е јасно зошто.

Алкохол

Ако сте забележале дека сте почнале да се дебелеете околу стомакот, можеби алкохолот е виновен за тоа. Ако претерате со алкохол, голема е веројатноста да имате „пивски стомак“.

Честото внесување алкохол може да го наруши микробиомот на дигестивниот систем, а алкохолните пијалоци се всушност празни калории кои немаат никаква хранлива вредност.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фит

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе