Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за зајакнување на одбранбената соработка

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за зајакнување на одбранбената соработка која треба да придонесе за безбедноста на Југоисточна Европа, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Декларацијата во Тирана ја потпишаа министрите за одбрана на трите земји Иван Анушиќ, Пир Венгу и Ејуп Маќедончи.

Декларацијата, на која може да и се приклучат и други држави, ја нагласува важноста на заедничките одговори на безбедносните предизвици, хибридните закани и другите ризици кои би можеле да ја загрозат регионалната стабилност.

Документот ги промовира одбранбените способности и соработката меѓу одбранбените индустрии, зајакнувањето на интероперабилноста преку образование, обука и вежби, спротивставување на хибридните закани и целосна поддршка за евроатлантската интеграција, соопшти Министерството.

Анушиќ рече дека новата геополитичка ситуација бара создавање нови и зајакнување на постоечките сојузи, а Хрватска, Албанија и Косово имаат силен заеднички интерес за зачувување на стабилноста во Југоисточна Европа.

„Нашите односи со Косово и Албанија се долги и пријателски, а соработката што ја развиваме се заснова на сојузништво и заеднички интереси... Целта е да се зајакне политичката и одбранбената соработка на нашите земји и да се поддржат Косово и Албанија на нивниот евроатлантски пат“, рече тој.

Анушиќ, кој е во дводневна посета на Албанија, се сретна и со албанскиот претседател Бајрам Бегај и архиепископот Арјан Додај, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Регион

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп двапати во наредните денови

Read more

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Read more

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Read more

Полицијата во Нови Сад со пендреци ги тепаше демонстрантите пред факултетот

Read more
 

Вести

Драстичен скок во приходите на норвешкиот енергетски гигант Equinor

Читај повеќе

Украинците прогласија победа во една од клучните битки

Читај повеќе

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Читај повеќе

Иран погуби израелски шпион на Мосад

Читај повеќе

Историска пресуда: Прв град во Европа што го забрани рекламирањето на фосилни горива

Читај повеќе

СДСМ почна постапка за утврдување кандидати за локалните избори

Читај повеќе

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште во Кондово

Читај повеќе

Кривична против полицаец за крадење струја

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2025 година

Читај повеќе